Почина музичарот Лес Бинкс, јавуваат странските медиуми
Легендарниот тапанар на култната хеви метал група Judas Priest почина на 73-годишна возраст, а од него се простуваат фановите ширум светот.
Според The Sun, Бинкс починал на 15 март, а веста за неговата смрт сега ја објавија членовите на бендот.

„Длабоко сме тажни поради смртта на Лес и ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, пријателите и обожавателите. Неговoтo познатo свирење тапани беше извонредно, покажувајќи ги неговите уникатни техники, чувство, стил и прецизност. Ти благодариме, Лес. Твоето наследство ќе живее засекогаш“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, Бинкс учествуваше во албумите на Judas Priest: „Stained Class“, „Hell Bent for Leather“ и „Unleashed in the East“, „Killing Machine“.
Инаку, тој беше вклучен во Куќата на славните на рокенролот како член на споменатиот хеви метал бенд. Тој настапи на таа церемонија во 2022 година. Тоа беше негов прв настап со бендот по 43 години.
![]()

