Според традицијата, првите три велигденски јајца се вапсуваат на Велики четврток, рано наутро, пред да изгрее сонцето. Првото јајце се смета за чувар на куќата и се чува цела година, а секогаш треба да биде обоено во црвена боја.
Домаќинките стануваат пред зори, ги вапсаат првите три јајца во црвена боја и поминуваат со јајцето по лицето на членовите од семејството, со зборовите: „Црвено, бело, дебело, здраво и живо“, што значи дечињата да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што симболизира здравје и напредок“.
Иако во голем број домови рано утрово се обоени првите три велигденски јајца за здравје, ги споделуваме фотографиите кои познатите Македонци ги објавија од своите велигденски јајца, со пораки за големиот празник.
Целиот текст може да го проследите на следниот линк.
![]()

