Младата Ивана Кривокапиќ беше убиена на 2 демекври 2022 година, а нејзиниот татко сеуште е скршен од болка по загубата на своето чедо.
– Луѓето постојано ми велат, животот оди напред, а не сфаќаат дека за мене тоа е најтажниот дел. Замислувам друг крај, поинаква прегратка…не се ни поздравивме како што треба. Твоите бакнежи и тоа “Се гледаме наскоро тато”…тоа брзо е бесконечно, денот се претвори во ноќ, напиша таткото на убиената млада девојка.
Убиецот на Ивана, Јетмир Гочај од Црна Гора, сеуште е во бегство и после две ипол години од бруталното убиство кое се случи во стан кај Ѕвездара во Србија.
Телото на несреќната 26-годишна девојка го пронајдоа нејзините браќа на 24 Декември 2022, кои откако не им се јавувала на телефон, ја искршиле вратата од станот и ја затекнале мртва на кревет со откопчани панталони и крената блуза.
Таа наводно имала модрици по вратот, повреди на усната, окото и рацете, што укажува на тоа дека се борела со убиецот.
Утврдено е дека убиецот ја задавил со голи раце, ја заклучил во станот и го понел клучот со себе, па со неа објавувал фотографии на социјалните мрежи, за да си обезбеди алиби.
Меѓународната потерница по Јетмир е распишана три дена по објавувањето дека тој е осомничен. Меѓутоа, бидејќи Јетмир ја напушти земјата уште првиот ден и имаше повеќе од 20 дена да смисли план за бегство, тој успешно ги избегнува властите до ден-денес. Како што јавија црногорските медиуми, полицајците не го нашле Јетмир на неговата адреса во Црна Гора.
Гочај е планинарски водич од селото Вушање кај Гусиње, а Ивана ја запознал на една од планинските тури. Бидејќи тој е родум од Албанија и добро ги познава планините, постоеја неколку теории каде може да се крие.
Неговите познаници од Црна Гора откриле дека тој има и роднини во странство, па има бројни опции каде би можел да се крие. Она што е сигурно – тој е успешен во тоа, бидејќи и по две и пол години од убиството, осомничениот не е уапсен.
![]()

