МВР во координација со ОЈО ГОКК спроведува акција на повеќе локации низ државата.
„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, соопштија од МВР.
Според информации на Press24, станува збор за акција во која се опфатени 49 луѓе поради злоуптреби со финансиска помош за туѓа нега.
Според неофицијални информации, опфатени се 49 лица, а меѓу нив има доктори, член на комисија на ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро.
Во моментот се вршат претреси на 21 локација, меѓу кои и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес. Полицијата врши претреси и на 15 домашни адреси на осомничени лица.
![]()

