Тошковски е синоним за чест и правда, вели Петрушевски за денешната интерпелација во Собрание

Во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски  за денешната интерпелација во Собранието на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според него, првиот полицаец во државата е „човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија“. За Левица вели дека се „политички шарлатани и квази-патриоти“. Петрушевски ја обвинува партијата што ја поднесе интерпелацијата дека имаат „страв од правда и одговорност“.

 

Loading