Москва во пламен: Силен напад со дронови, сите четири аеродроми се затворени

Руските власти објавија дека Украина во текот на ноќта извршила напад со дронови врз Москва. „Би-би-си“ наведува дека ова е втора ноќ по ред како руската престолнина е изложена на ваков напад.

Руската агенција за воздушен транспорт „Росавијација“ на Телеграм објави дека од безбедносни причини на неколку часа ги затворила сите четири големи московски аеродроми, кои оттогаш се повторно отворени.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински беспилотни летала се уништени пред да стигнат до руската престолнина.

Тој изјави дека беспилотните летала доаѓале „од различни страни“. Собјанин додаде дека остатоците од беспилотните летала паднале на еден од главните патишта во Москва, но дека нема повредени.

Британскиот медиумски сервис наведува дека Украина се уште не го коментирала овој напад. Во текот на ноќта и Украина беше нападната од руски беспилотни летала, а цел беше Харков и главниот град Киев, како и Одеса.

Олех Кипер, гувернерот на регионот Одеса, изјави дека едно лице загинало во напад со дрон во таа област.

Loading