Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе пристигне на 15 мај во официјална посета на Црна Гора, каде што ќе се сретне со претседателот Јаков Милановиќ, со кого ќе потпише билатерален договор за безбедност, во рамките на пошироката рамка на соработката меѓу Украина и земјите-членки на НАТО.
Според црногорските медиуми документот го следи моделот на безбедносни договори кои Украина претходно ги склучи со неколку западни земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Франција и Италија.
Целта на овие договори е да се обезбеди долгорочна поддршка на Украина во областа на безбедноста и одбраната, преку воена помош, обука, разузнавачка соработка и зајакнување на отпорот на земјата во лицето на руската агресија.
![]()

