12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило.

Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

Судијката Снежана Марковска ги кажа отежителните околности за Јованов, прекршоците во сообраќајот што ги направил како возач претходно и пак седнал зад возачкото седиште и ваквото однесување го оцени како дрско и безобѕирно. Како олеснителни околности го цени тоа што обвинетиот изрази каење, чувство на вина, тоа што е млад, ја прифати одговорноста и изрази жалење.

Loading