Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела размислувал за воведување санкции против Русија, објави „Волстрит џурнал“.
Санкциите се разгледуваат бидејќи Трамп е фрустриран од нападите на лидерот на Кремљ, Владимир Путин, врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, пишува „Телеграф“.
Според еден од изворите, ограничувањата веројатно нема да вклучуваат нови банкарски санкции, но се дискутираат други опции за да се изврши притисок врз Путин да направи отстапки на преговарачката маса, вклучително и 30-дневен прекин на огнот поддржан од Украина, но отфрлен од Русија.
Во меѓувреме, WSJ напиша дека Трамп може да одлучи да не воведува нови санкции, објавува Telegraph.
Трамп е исто така уморен од мировните преговори и размислува да се повлече од нив ако „последниот обид не успее“.
„Не е јасно што би се случило ако САД се повлечат од мировниот процес и ако Трамп продолжи да ѝ дава воена поддршка на Украина“, беше кажано, меѓу другото.
![]()

