Мухамед Аљи е нов директор на Центарот за управување со кризи. Аљи доаѓа на оваа позиција од Дирекцијата за заштита и спасување, и ќе го замени Стојанче Ангелов, кој, пак, оди да биде нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи.
За Заменик директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008 година, моментално е на позицијата Помошник раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање.
Нека им е честит изборот на двајцата, им посакувам добро здравје и успешна работа“, изјави Ангелов на примопредавањето на функцијата.
![]()

