Трамп му даде рок од две недели на Путин за мир во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе знае „за околу две недели“ дали рускиот претседател Владимир Путин сериозно сака да ја заврши војната во Украина, што се толкува како поставување рок за дипломатско решение.

„Не можам да ви кажам сега, но ќе ви кажам за околу две недели. Ќе дознаеме дали нè влече за нос или не. Ако е така, ќе одговориме малку поинаку“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба во Белата куќа на прашањето дали верува дека Путин е подготвен на мир.

Loading