Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се врати во Скопје и го одржа првиот од трите концерти во спортската сала Борис Трајковски, и тоа за прв пат во придружба на симфониски оркестар.
Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, пристигна со дури 50 врвни музичари, новосадскиот Биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад.
Со оваа ексклузивната концертна програма која во рекордно време ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика имаше можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани на диригентот Федор Вртачник.
Што и да се каже малку ќе е, треба едноставно да се доживее таа енергија, таа магија и љубов што Чола ја има со публиката. Затоа и трае со децении со ист интензитет и несомено ќе трае…
![]()

