Професорката и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска се огласи со реакција откако Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот не го прифати предлогот на пратеникот Димитар Апасиев, на вчерашната седница да се прифати предлогот за надзорна расправа за трагедијата во Кочани.
Таа побара распуштање на Парламентот.
„Ма дајте бре распуштете го Собранието. И така е за џабе. Ќе заштедиме на избори, на плати и патни трошоци и нема да живееме во илузија дека Македонија е демократска држава. Идиократија е нежен збор за она во кое живееме“, објави Најчевска.
![]()

