Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека детектирале серија балистички ракети лансирани од Иран кон Израел, поради што низ целиот Израел се огласија сирени за предупредување.
На Израелците во речиси целата земја им е кажано да се повлечат во засолништата за бомби, објавува „Тајмс оф Израел“.
Се очекува израелската воздушна одбрана да дејствува во следните неколку минути, а на цивилите во централен Израел им е наредено да останат во засолништата до понатамошно известување.
Иранска ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, објавува „Фарс“.
REAKING: IRAN HAS HIT ISRAEL’S BEN GURION AIRPORT!#BenGurion pic.twitter.com/JLyERJ5t68
— Alice (@Sunshinebeam0) June 15, 2025
Експлозии од системот за воздушна одбрана се слушнаа во Тел Авив и централен Израел откако ракетите беа лансирани од Иран, јавува дописникот на РИА Новости.
Нов бран ирански ракети погоди цели во израелските градови Хаифа и Тел Авив, објавува иранската државна новинска агенција ИРНА.
![]()

