Пожар во Драчево: Изгоре багер и „Опел Корса“, без повредени лица

Денеска (19.06.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, М.Б.(45) од с.Долно Количани, скопско, пријавил дека во негов плац на подрачјето на Драчево настанал пожар во работна машина – багер и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, двете негова сопственост. Пожарот била изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Loading