(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилнички ја тепа својата 4-годишна ќерка во Драчево

Скопјанец заврши во притвор откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како со шлаканици ја удира својата четиригодишна ќерка. Видеото, објавено од мајката на детето, сега е клучен доказ во истрагата што ја води Основното јавно обвинителство Скопје.

„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години. Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи… не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми…“, напиша скопјанката која сподели и фотографии..

Инцидентот се случил додека мајката на девојчето приготвувала оброк, а детето си играло со своите две сестри.

Loading