Позната пејачка со бесен автомобил влета меѓу насобраните граѓани: Драматична сцена во Белград предизвика бурни реакции (Видео)

Само неколку минути биле доволни за ситуацијата на Бежаниска коса во Белград да ескалира откако познатата српска пејачка Марија Микиќ со автомобил се обиде да ја пробие граѓанската блокада на улицата и буквално влета кон група луѓе што протестираа.

Според српските медиуми, станува збор за дел од граѓанските блокади што од синоќа се поставени низ Белград, каде локалните жители, незадоволни од одредени општински и урбанистички одлуки, поставиле контејнери и метални бариери со цел да го блокираат сообраќајот.

Во обид да мине низ една од барикадите, пејачката, наводно без да ги послуша предупредувањата од граѓаните, продолжила да вози и со зголемена брзина се обидела да ги заобиколи препреките.

Очевидци сведочат дека присутните бурно реагирале, а кога редарите ја застанале, Микиќ наводно рекла дека се брза затоа што оди „по детето“. Наместо да се смири, според сведоштва на очевидци, пејачката излегла од возилото и влегла во вербална пресметка со присутните.

Инцидентот предизвика реакции и на социјалните мрежи, каде се споделуваат снимки и коментари со поделени ставови – некои ја оправдуваат поради личните причини, додека други ја обвинуваат за неодговорно и агресивно однесување.

Настанот е пријавен и кај надлежните, а се очекуваат официјални информации од полицијата.

Loading