МИЛЕВСКИ: ВМРО ДПМНЕ Е УБЕДЕНА ВО СВОЈАТА ПОБЕДА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Во изминатиов период покажавме, свесност и конкретни дела, сите заедно докажавме дека политиката мора да се темели на интересите и потребите на граѓаните, дека еден од највисоките приоритети е напредокот и развојот на Битола, вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски за синоќешното одбележување на 35 години од формирањето на битолската ВМРО ДПМНЕ.

„Овој триесет и петгодишен јубилеј на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола го посветуваме на заедништвото во продолжување на битката за Битола, на уште една голема победа и потврда дека политиката мора да се темели на интересите и потребите на граѓаните – на напредокот и развојот на Битола.

Идејата за национално ослободување, пркос и непокор, битката за идентитет и опстојување денес е битка за градење на темелите за подобра иднина на Битола и битолчани. ВМРО ДПМНЕ своето политичко дејствување и платформа ги постави на изворот на огромната желба за силна идентитетска потврда, потврда на националното достоинство и економски развој и унапредување на Македонија.

Денес, по 35 години ВМРО ДПМНЕ водено од незапирливата потреба и гласот на народот е одлучно во битката за обновување на Битола и Македонија, градење темели кои ќе бидат гаранција за подобра иднина за сите. За заедничка ПОБЕДА, за  Битола“ вели Милевски.

Loading