Трамп: Разочаран сум од Путин, му го скратувам рокот од 50 дена

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изјави дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и дека го скратува рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за војната во Украина, објави CNN.

„Разочаран сум од претседателот Путин, многу сум разочаран од него“, изјави Трамп за новинарите пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. „Ги скратувам 50-те дена што му ги дадов на помал број.“

Тој не откри кој е помалиот број. Но, бидејќи поминаа две недели откако го даде рокот од 50 дена, тоа значи дека тој број треба да биде помал од преостанатите 38 дена.

Трамп рече дека многу разговарал со Путин, додавајќи: „Имавме дискусии.“

Американскиот претседател пред две недели објави дека му дал на Путин рок од 50 дена да постигне договор со Украина пред да се соочи со последиците. „Ќе воведеме многу строги царини ако не постигнеме договор за 50 дена“, рече Трамп во тоа време. „Царини од околу 100%, би рекле секундарни царини. Знаете што значи тоа.“

 

Loading