Австралија во септември ја ќе признае палестинската држава

Австралија ќе ја признае палестинската држава во септември на Генералното собрание на Обединетите нации за да додаде импулс за решение со две држави, изјави премиерот Ентони Албанезе.

Албанезе, кој го објави ова по состанокот на кабинетот, рече дека признавањето ќе се темели на обврските што Австралија ги доби од Палестинската самоуправа, вклучително и дека Хамас нема да има никаква вмешаност во ниедна идна држава.

„Решението со две држави е најголемата надеж на човештвото да го прекине циклусот на насилство на Блискиот Исток и да се стави крај на конфликтот, страдањето и гладот во Газа“, рече Албанезе на прес-конференција.

Loading