Трамп: Го прашав Орбан дали Украина може да ја победи Русија (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на вчерашната прес-конференција одржана во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опишал како многу, многу паметен човек кој на некои луѓе им се допаѓа, а на некои не.

Вели дека го прашал Орбана, за кого рекол дека е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, дали Украина може да ја победи Русија во војна.

„Ме погледна во стилот: ‘какво глупаво прашање’“, рече Трамп, а потоа додаде дека унгарскиот лидер му рекол: „Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војна, тоа е она што го прават“.

„Кина победува преку трговија, Русија победува преку војни“, рече Трамп.

Loading