Србија ова лето остана без АТП турнирот во Белград, кој беше преселен во Атина поради неможност да се обезбедат услови за негово одржување.
Новак Ѓоковиќ, кој во моментов се наоѓа во САД пред УС Опен, изјави дека не постоела желба турнирот да се сели:
„Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот… За жал, така е, како што е“, рече Ѓоковиќ.
Тој додаде дека е задоволен што турнирот ќе се одржува во Грција:
„Се радуваме што ќе дојдеме во Атина, каде што навистина нè дочекаа пријателски… Голема работа за Грција, каде тенисот сè повеќе напредува.“
Говорејќи за состојбата во Србија, Ѓоковиќ предупреди:
„Многу сè тоа ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата ќе се смири, но нема се уште изгледи за тоа“, дополнувајќи дека на луѓето сега им е најмалку до спорт.
За можноста турнирот повторно да се врати во Белград, додаде:
„Се надевам дека ќе се врати во наредните години, можеби дури и во повисока категорија. Белградската публика сака тенис, Србија стана земја на тенисот.“
Ѓоковиќ од понеделник го очекува настап на УС Опен.
![]()

