Основното јавно обвинителство Скопје информира дека на 23 август, пред угостителски објект во Автокоманда, скопјанец нападнал жена со која имал лични недоразбирања.
Според истрагата, тој прво ја навредувал, а потоа со пластична гајба полна со стаклени шишиња ја удрил по главата, предизвикувајќи обилно крварење. Жената, зашеметена, успеала да повика полиција и била пренесена во болница, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Јавниот обвинител предложил одредување мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување и контакт со жртвата, привремено одземање на патната исправа и обврска за редовно јавување кај службено лице.
Обвинителството истакнува дека овие мерки се неопходни за заштита на оштетената од можно ново загрозување на нејзината безбедност и живот.
![]()

