Охриѓанец приведен за испраќање експлицитни слики на 17-годишно девојче

Во Охрид е приведен 51-годишен маж под сомнение дека преку социјалните мрежи испраќал недолични пораки и фотографии на малолетничка.

Од МВР соопштија дека осомничениот Т.Т. од април годинава повеќепати стапувал во контакт со 17-годишно девојче преку апликација за комуникација. При тие разговори, испраќал експлицитни содржини и барал од малолетничката да возврати со материјали од слична природа.

По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што полицијата запленила мобилен телефон и ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 милиметри.

Лицето е задржано во полициска станица, а по комплетна обработка на случајот и во координација со надлежен јавен обвинител, ќе следи соодветна кривична пријава.

Loading