Максим Димитриевски се ЗАНИМАВА со ФИЛМОВИ од пред 2001! Меџити му порача: „Тие филмови ЗАВРШИЈА“

На настан во Чаир, кандидатот за градоначалник од коалицијата VLEN, Изет Меџити, беше прашан за последните изјави во врска со Бадинтер.

Меџити нагласи дека Бадентер и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата.

„Ние сме во кампања за локални избори и треба да се занимаваме со проблемите на граѓаните. Кога ќе дојдат парламентарните избори, ќе се занимаваме и со тие теми. Што се однесува до изјавите на Димитриевски, веројатно тој се занимава со филмови од пред 2001 година. Тие филмови завршија. Бадентеровото мнозинство и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата. Тоа е иднината. Сè друго е стар филм и дел од минатото“, изјави Меџити.

Loading