Вардариште и утрово го гуши Скопје

Скопјани повторно се соочуваат со чад и загадување откако избувна нов пожар на старата депонија Вардариште, лоцирана во непосредна близина на густо населениот дел од градот.

Жителите на општина Аеродром, револтирани од постојаното игнорирање на проблемот, веќе трет ден ја блокираат депонијата, барајќи итна реакција и трајно затворање на локацијата.

Од Аеродром порачуваат дека нема да запрат со блокадите сè додека не се донесе долгорочно решение и депонијата не биде конечно затворена и исчистена.

Loading