Уставниот суд е „политичка сенка на опозицијата“ – РЕАКЦИИ на ЕУ…

Европската Унија (ЕУ)   апелираше до косовските политичари да се воздржат од мешање во работата на судството. Реакцијата на ЕУ дојде откако премиерот д Аљбин Курти изјави дека Уставниот суд е „политичка сенка на опозицијата“ и дека работи против неговата партија – Самоопределување.

„Ставот на Европската Унија во Косово е дека еден од основните принципи на владеењето на правото е независноста на судството и дека улогата на Уставниот суд е да го толкува и насочува спроведувањето на Уставот на Косово. Одговорност на сите, вклучувајќи ги и политичките актери и институциите, е да го почитуваат ова и да се воздржат од каква било форма на мешање во работата на судството, вклучително и преку лични напади“, изјави портпаролот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Никола Гаон, за koha.net.

Шефот на мисијата ЕУЛЕКС, Џовани Пјетро Барбано, исто така ги критикуваше нападите врз судот и оцени дека се недозволиви.

„Независноста на судството е еден од темелите на владеењето на правото. Независноста на судиите мора да биде почитувана од сите, во секое време. Непотребното мешање преку лични напади насочени директно кон судиите и обвинителите кои ги извршуваат своите должности е секогаш неприфатливо“, напиша Џовани Пјетро Барбано на Твитер (X).

Loading