„Ако НАТО го стори тоа што го велам, војната ќе заврши брзо и сите тие животи ќе бидат спасени! Ако не, само го трошите моето време, енергијата и парите на Соединетите Американски Држави“, вели Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе санкции врз Москва, но под услов сите сојузници на НАТО да се согласат целосно да го запрат купувањето руска нафта и да ги спроведат своите санкции.
Тој, исто така, им предложи на членовите на трансатлантската алијанса да размислат за воведување царини од 50 до 100 отсто врз Кина за нејзините купувања на руска нафта како начин да се помогне во завршувањето на војната.
„Подготвен сум да воведам големи санкции врз Русија кога сите земји-членки на НАТО ќе се согласат и ќе почнат да го прават истото, и кога сите земји-членки на НАТО ќе престанат да купуваат нафта од Русија“, напиша Трамп во писмо испратено до сите земји-членкина НАТО, а кое го објави на неговата страница Трут Соушал.
![]()

