Демократско ДОБРО УТРО со Аматерката за демократијата во РАЦЕТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, а не во рацете на медиумските, таканаречените НВО и политички МАНИПУЛАТОРИ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Илузијата на демократијата: Како медиуми, политичари и НВО ја искривуваат суштината

На 15 септември, денот кој традиционално се слави како симбол на демократските вредности и слобода на говорот, вистинскиот парадокс лежи во контекстот на реалната пракса. Иронично, токму овој ден ни служи како потсетник дека демократијата, наместо да биде светилка на слободата, постојано е изложена на ризик од злоупотреба од страна на неуморните актерски чинители, така наречени медиуми, разно – разни НВО крим-организации и  неотесани замислени политичарчиња. Ќе разгледаме како овие сегменти, наместо да ги заштитуваат демократските принципи, често ја претвораат самиот концепт во механизам за лична и групна добробит.

Медиа, кои треба да бидат мостот до вистината, честопати стануваат огледала на субјективноста, криејќи ја вистината зад слојови од сензационализам и пропаганда. Во оваа игра на симултаното презентирање и пропуштање на фактите, слободата на говорот се претвора во прилика за манипулација. Величината на медиумското влијание не паѓа во очи само со бројките на гледаност или читаност, туку и со начинот на кој се конструира јавната свест, еднострано и домашто дискурс кој често ја фаворизира личната агенда пред општото добро.

Понатаму, некои  политичарчиња , како главни носители на демократската одговорност, често делуваат како диригенти на симфонија што ја градат нарадната фантазија за вистинската демократија. Но, во реалноста, тие често ја злоупотребуваат својата позиција како платформи за лични или партиски интереси, наместо за промоција на колективните добри. Ваквата игра на лажна демократија низ приказни за „борба за слобода“ и „одбранбена позиција“ ја омекнува суштината на демократските вредности, истовремено ја деградира довербата и ја разградува основата на граѓанското општество.

Секако, овој ден е и време кога треба да се запраша: дали демократијата е реално независен елемент од политички и медиумски индустријални интереси или е само симболичка фигура, како фасада што ја прикрива реалната социјална и политичка структура? И додека одбележуваме 15 септември, можеби најзадолжително е да се навлезе во суштината и да се признаеме пред себе дека демократијата, наместо да биде бајка за слобода, има потреба од ревизија и сочувство како дисциплина што мора секогаш да се брани од своите најголеми и најодани непријатели.

Оттука, тој ироничен ден, наместо да биде само празник на слободата, претставува здрава работа за критичко преиспитување на она што демократските вредности всушност значат во реалната пракса, со идеја да се поттикне поголема одговорност и отчетност од оние што ја „чуваат“ и ја „даваат“ оваа вредност.

Демократијата НЕ СЕ зајакнува со финансирање на сомнителни здруженија од европски фондови кои под превезот на демократски вредности и човекови права се мобилизираат за поддршка на политички субјекти по потреба.

Демократија и слобода на говор НЕ Е да одржуваш секојдневно беседи на поткасти  искривувајќи ги фактите и  да „ ЛИНЧУВАШ“ по дадена задача, од мерак или за пари, не важно.

Зајакнување на суштинските демократски принципи не може да се оствари само со симболички одбележувања, туку преку конкретни чекори што ќе ја враќаат демократијата во рацете на граѓаните, а не во рацете на медиумските, невладините и политичките манипулатори.

Loading