ПОТПАЛУВАЧ СНИМЕН НА КАМЕРИ – пожарите продолжуваат…

Скопјани утринава повторно се разбудија во токсичен облак од чад. Овој пат, во 4:00 часот, жителите на Пинтија ги вознемири пожар од запален сервис за возила пред населбата (над Стаклара, во местото наречено Каменик), во кој имало повеќе автомобили, но и масло за автомобили, како и други запаливи предмети. Поради опасноста и од превентивни причини, населението во околината било евакуирано, а била исклучена и електричната енергија. Веднаш почна да кружи видео кое беше објавено на „Фејсбук“ и на кое може да се види како лице облечено во бела горна тренерка со качулка ги посипува колите со некаква течност, по што пламнува оган. Во врска со подметнатиот пожар во Пинтија, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа е само уште еден доказ за тоа што, како што кажа, го зборувал цело време.

– За жал, постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите и одговорот на прашањето кому му одговара тоа, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите – истакна Мицкоски. Тој додаде дека досега се идентификувани дваесетина лица за кои постои основано сомнение дека стојат зад овој процес.

Скопјани утринава повторно се разбудија во токсичен облак од чад. Овој пат, во 4:00 часот, жителите на Пинтија ги вознемири пожар од запален сервис за возила пред населбата (над Стаклара, во местото наречено Каменик), во кој имало повеќе автомобили, но и масло за автомобили, како и други запаливи предмети.

Поради опасноста и од превентивни причини, населението во околината било евакуирано, а била исклучена и електричната енергија.

Веднаш почна да кружи видео кое беше објавено на „Фејсбук“ и на кое може да се види како лице облечено во бела горна тренерка со качулка ги посипува колите со некаква течност, по што пламнува оган.

 

Во изјава за медиумите, жител во непосредна близина на сервисот истакна дека го разбудила експлозија. Кратко потоа, за десетина минути, како што вели тој, на врата му затропала полицијата и го замолила да го напушти домот од безбедносни причини.

– Кога излегов надвор, на улица, таму беа моите соседи, кои потоа беа дислоцирани на посигурно место. По улицава има секаков тип луѓе: деца, стари, изнемоштени лица – истакна жителот.

Тој посочи дека иако бил локализиран, пожарот се гасел подолго време, бидејќи тлеел на места, па повторно се разгорувал.

Loading