Мицкоски предлага подметнувањето пожари да се оквалификува како тероризам

Премиерот Христијан Мицкоски повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам.

– Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години – нагласи Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Општина Јегуновце.

Премиерот информира дека Министерството за животна средина испратило допис до сите општини под итно да преземат мерки за расчистување на дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е место.

Loading