Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027

Европската делегација наведува дека Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за пристапување до крајот на 2027 година, пренесоа албанските медиуми.

Поранешниот британски дипломат Џон Стјуарт Данкан, кој денес го започна своето сведочење пред Специјалниот суд во Хаг, по претходниот сведок Џејмс Рубин, повтори дека Хашим Тачи требало да се консултира со нив за договор, пишуваат косовските медиуми.

Делегацијата на ЕУ во Тирана реагираше по положувањето заклетва на владата „Рама 4“, честитајќи им на премиерот Еди Рама и на министрите за преземањето на функцијата.

Со постојан напор за усвојување и спроведување на потребните реформи преку транспарентни и инклузивни процеси, Албанија може да ја постигне амбициозната цел за затворање на преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на 2027 година.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со сите засегнати страни во Албанија за да го постигнеме овој историски момент, во корист на албанските граѓани“, пишува канцеларијата на ЕУ во Албанија, пренесе Панорама.

Loading