Што ги СПОИ Јакимовски и Зајкова – „МОЌЕН СОЈУЗ“ или „НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ИДНИНАТА“!?

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде прв на гласачкото ливче под број 1. Со ова тој влегува во изборната трка за петти пат, а со истиот реден број по втор пат.

Јакимовски првпат ја предводеше општина Карпош од 2000 до 2003 година како кандидат на Либерално-демократската партија. Потоа, во два последователни мандати од 2009 до 2017 година, ја извршуваше функцијата како претставник на СДСМ. Во 2021 година повторно беше избран, овој пат како независен кандидат, и сè уште е на функцијата.

Овие избори Јакимовски „ќе ги трча“ со Моника Зајкова. Заедничка симболика им е бројот 1 на гласачко ливче. На претходните избори граѓаните ја препознаваа Зајкова под број 1 на гласачкото ливче и билбордите низ Град Скопје.

Кој на кого е додадена вредност?

Без конкретни информации за нивните лични односни или кампањски стратешки позиции, тешко е точно да се одговори на тоа прашање. Меѓутоа, вообичаено е во политиката кандидатите и соработниците да се надеваат на меѓусебна поддршка и интегрирање на силите за зајакнување на нивната кампања.

Ако Моника Зајкова е дел од кампањата на Стевчо Јакимоски, можеби се надева дека неговата поддршка и авторитет ќе и помогнат да ја подигне својата видливост и да придобие поддршка за себе или за конкретните цели во полето на локалната политиката.

Најчесто, во вакви тандеми, кандидатите се надеваат на доверба од својот соработник , додека пак соработникот очекува да биде дел од успешна екипа што ќе му донесе позитивен резултат на изборите.

Политичкиот ангажман на Јакимовски често беше проследен со контроверзии. Во април 2025 година, Основниот суд го осуди на три и пол години затвор за бесправна градба на административна зграда и злоупотреба на службената положба. Сепак, пресудата сè уште не е правосилна, бидејќи Јакимовски најави жалба.

Со свеченост, овој месец беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош.

Зградата која зафаќа вкупна површина од 4.500 м 2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија.

И покрај правните процеси, тој останува активен на политичката сцена и повторно се кандидира за прв човек на општина Карпош.

А.А

Loading