Пред 30 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој сепак со тешки повреди на главата ,го преживеа нападот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.
Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието, каде во тоа време се наоѓаше неговиот работен кабинет.
Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“, за да експлозијата биде точно насочена и ефективна.
Експлозивот бил југословенски
Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Автомобилот „ами-8“ бил намерно избран за поставување на бомбата затоа што има тенок лим, кој од експлозијата лесно се распрснува во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот.
НЕ се дозна
Остана енигма и необјавено, дали атентатори беа од српско-руското подземје, југословенската служба „КОС“ или можеби лица од бугарската фирма „Мултигруп“, лица од „Братиславската врска“, или домашни служби. Овабеа линиите на истраги и насоки за виновници кои се посочуваа за обидот за елиминација на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, во време кога државаата сеуште е ранлива со својата независнот и распадот на поранешната заедничка држава Југославија
Мултинаицонална „финансиско-економска групација“
Тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски на прват апрес конференција организирана во тогашните простории на центарот на САД во Скопје, изјави дека во организацијата на атентатот е вклучена една мултинационална финансиско-економска групација, практично , со седиште во една соседна земја.
– Тој на 28 септември 1995 година е дојден во Македонија и во објект на периферијата на Скопје ја формирал експлозивната направа што е користена во атентатот на претседателот Глигоров. Во тоа му помагале извршители од Македонија. Врз основа на извршениот профил, тоа може да бидат политички фанатици, делови од криминално подземје, или резидентура на странски разузнавачки служби – изјави Фрчкоски, кој подоцна понуди оставка која не му беше прифатена.
Интересно е дека во тоа време на денот на атентатот уле на увидот ни 15 минути по есплозијата на новинарите им бече пуштена приказна дека двајца брадести луже во темнинодела со рено 19 во сина боја избегале од местото на настанот и се упатиле кон Бугарија.Ниту таа приказна никогаш не беше спомната подоцна.
Тогашниот министер за внатрешни работи Фрчковски остана на тврдењето дека како нарачатели се препознава бугарската озлогласена бизнис-групација „Мултигруп“, југословенската тајна служба „КОС“, а беше спомната и т.н. „Братиславска врска“, но сепак не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот.
![]()

