Во Љубљана е пронајдено безживотно тело на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Според неофицијални информации, лицето било претепано до смрт.
Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, а наредена е судска обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Истовремено, се води интензивна кривична истрага, а надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди.
Полицијата апелира до јавноста за соработка и се очекуваат нови информации по завршувањето на истрагата.
![]()

