Тетовец со пиштол и нож им се заканувал на полицајци – приведен на лице место

Во неделата попладне, на 5 октомври 2025 година, околу 14:30 часот, на улицата „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 27-годишниот С.Б. од Тетово, откако им се заканувал со пиштол и нож додека извршувале службени дејствија.

При приведувањето, од осомничениот биле одземени пиштол марка „Валтер“ со една рамка и шест куршуми, како и нож. Тој е задржан во полициската станица во Тетово.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против С.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading