Јакимовски МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ на ЛУКРОВСКИ!

Стевчо Јакимовски преку социјалните мрежи му се заблагодари на својот против кандидат Лукровски.
Му благодарам на господинот Лукровски што конечно потврди – најдобрите проекти во Карпош се токму моите!
Фасади, лифтови, енергетска ефикасност – тоа не се ветувања, тоа се реализирани дела. Шеесет фасади не се бројка на хартија, туку жив доказ што стои пред очите на секој Карпошанец.
Иронијата е што токму тие што сега ветуваат, се истите кои вчера гласаа против. Против лифтови, против фасади, против подобар Карпош – само затоа што јас ги предложив.
Сега, кога ги гледаат завршени, ги претставуваат како свои идеи.
Само што јас градев, а тие блокираа. Јас работев, а тие копираа.
👉 Кога противникот почнува да те фали и да те копира, тоа не е критика – тоа е признание.

Loading