МИЛИТАРИЗМОТ на Ахмети нотиран во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и во рамките на предизборната кампања, која треба да биде фокусирана на локални проблеми, не престанува да зборува за конфликтот од 2001 година, да го велича оружјето и да ѝ дава милитаристички омаж на целата кампања, која во суштина треба да биде за локални водоводи, канализации, улици, тротоари, игралишта…
Некои од албанските аналитичари сметаат дека милитаризмот на Ахмети, заедно со етноцентричната и националистичката реторика што ја користи, фрла сенка врз кампањата и може да ѝ даде меѓуетничка димензија, што, пак, може да ги влоши меѓуетничките односи

Најдобра потврда дека ДУИ води ваков тип на кампања стигна од набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, кои во преодниот извештај за првата недела од кампањата за локалните избори нотираат етничко-поларизирачки тон кај интегративците што може да создаде тензии и да доведе до влошување на меѓуетничките односи во земјата.
– Изборите се одржуваат во политичка средина што продолжува да биде поларизирана, вклучувајќи и од етнички аспект. Прашањата за националниот идентитет и застапеноста на етничките заедници доминираат во јавниот дискурс, заедно со дебатите за реформите што се потребни за напредок во процесот на интеграција во Европската Унија – се наведува во преодниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР.

Loading