Од љубов до полициска пријава: жена го нападнала својот партнер во Карпош

Љубовна драма во скопски Карпош заврши со сообраќаен инцидент и физички напад, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека неговата партнерка, по вербална расправија, со своето возило удрила во неговиот автомобил, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала.

Инцидентот се случил вчера околу 19 часот, а случајот бил пријавен во полиција во раните утрински часови на 17 октомври.

Од МВР потврдија дека пријавата е евидентирана и дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Loading