Приведен директорот на „Комунална хигиена“ поради сомнежи за злоупотреби и хаос со отпадот во Скопје

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, е лишен од слобода од страна на Единицата за Економски криминал при МВР. Според информациите, Рустеми и уште едно лице се сомничат за непостапување во врска со собирањето на отпадот во Скопје. Попладнево се очекува приведените да поднесат кривична пријава пред Јавното обвинителство.

Рустеми беше назначен за директор на „Комунална хигиена“ на 29 јануари 2025 година како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ. Тој е познат и како близок соработник на Блерим Беџети, а претходно ја извршуваше функцијата директор на ЈП „Сарај“ (2017–2021) и помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје (2023–2024).

Јавното претпријатие за време на неговото раководство се соочи со сериозен хаос – отпадот беше намерно оставан низ градот, што ја загрози јавната здравствена безбедност, особено за време на изборната кампања. Медиумите известуваа дека директорот продолжувал да ја прима платата, без да ги решава проблемите со отпадот.

Покрај проблемите со собирањето отпад, Рустеми се поврзува и со финансиски нерегуларности во претпријатието, при што се испумпувале милиони, додека возниот парк на претпријатието останал нефункционален.

Loading