Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, му упати порака на својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, по завршувањето на вториот круг од локалните избори.
Одговарајќи на новинарско прашање за дека имало наводни „ниски удари“ за време на дебатниот дуел помеѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ, Ѓорѓиевски вели: „само соодветно му одговорив на човекот кој ја лажеше целата македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има завршено факултет, можете да замислите што би направил ако му се дадеше поголема власт“.
Ѓорѓиевски, како што рече, му препорачува на неговиот опонент да го загрее столчето и да го заврши факултетот за да не мора да лаже.
![]()

