Мицкоски: Малтретирањето на земјите кандидатки со вето ќе ги уништи вредностите врз кои почива ЕУ

За време на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел, премиерот рече дека две и пол децении по отпочнувањето на патот на земјава кон членството во ЕУ, Македонија е сè уште на истото место не бидејќи не ги исполнува Копенхашките критериуми туку, како што рече, поради вештачки причини како менување на националното знаме, името на државата и најновата пречка за промена на Уставот за вклучување на бугарската заедница

Ако Европската Унија еднаш го дозволи принципот според кој земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ се малтретирани од други земји со ставање вето, тогаш ќе се уништат сите принципи и вредности на кои е изградена Унијата. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел, организиран од Еуроњуз, говорејќи за пристапувањето на С Македонија кон Унијата.

„Самата Европска Унија треба да се запраша што прави. Што прави со принципот на едногласност и дали е тоа во согласност со принципите и вредностите врз кои таа се развива. Веројатно ова ќе се случува и во иднина, одново и одново, бидејќи функционира. Очигледно функционира бидејќи пред две и пол децении го започнавме ова патување и сега сме на истото место каде што бевме и тогаш. Зошто, затоа што некој ја злоупотребува оваа алатка“,изјави Мицкоски.

Loading