ПЕТАР БОГОЈЕСКИ – НЕ МОЖЕ ПРЕМИЕР на Албанците во Македонија!

Лидерот на Македонски концеп, Петар Богојески со објава на социјалните мрежи – НЕ МОЖЕ ПРЕМИЕР на Албанците во Македонија!
Изјавата ви ја пренесуваме во целост:
НЕ МОЖЕ ПРЕМИЕР на Албанците во Македонија!
МОЖЕ етнички Албанец да биде премиер на Македонија!
Ама тоа ќе биде премиер на сите граѓани, а не само на албанската заедница во земјава!
Македонија има само еден претседател на Влада, кој има обврска да биде прв слуга и да им служи на сите граѓани! Толку! Не е важно од која етничка заедница доаѓа!
Така може и Србите за оној со српските икибани да објават дека е премиер на сите Срби во Македонија? На што личи тоа?!?
НЕ МИ Е ЈАСНО, зошто ова не е јасно?
Како некои политичар, било етнички Албанци, било Македонци… не го разбраа и не го разбраа граѓанскиот концепт на Република! Чудно!
Затоа си сака ГРАЃАНСКИ (национален) УСТАВ за добро да разберат!
ПОЛЕКА МАЛКУ! Намалете со етничкиве шовинизми! Ок?

Loading