Од денеска стартува ноќната забрана за фрлање отпад

Од денеска стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите.

Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа.

Градот располага со 20 комунални инспектори и 20 комунални редари, кои ќе бидат постојано на терен.

Главната цел на акцијата, како што наведуваат надлежните, е да се утврди каде правните и угостителските субјекти го одложуваат отпадот.

Loading