Потрошувачката кошница на македонските граѓани претрпува нов удар. Една од најосновните животни намирници – јајцето, полека но сигурно станува луксуз. Граѓаните реагираат на драстичното поскапување во маркетите, каде цената за само едно јајце во одредени случаи достигнува дури и до 18 денари, а табла со 10 јајца се продава по цени кои до неодамна беа незамисливи, објави 4NEWS.mk
Фотографиите од рафтовите во маркетите, кои пристигнаа до нашата редакција, ја потврдуваат оваа загрижувачка состојба. Цените варираат во зависност од класата и големината, но трендот на поскапување е евидентен кај сите производители, објави 4NEWS.mk
Пакет од 10 јајца над 150 денари, објави 4NEWS.mk
Според најновите ценовници истакнати на рафтовите, граѓаните за картонска кутија со 10 јајца треба да издвојат значителна сума.
![]()

