Енергетскиот сектор во Македонија доживува најдинамичен развој во последните децении, а значителен дел од ова темпо му се припишува на новиот пристап, енергијата и проактивноста што ги внесе министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. На „Форумот за слобода“ таа го претстави напредокот што многумина го оценуваат како најбрза и најструктурирана трансформација во секторот досега промени кои за кратко време ја подобрија позицијата на Македонија во регионалните енергетски процеси.
Божиновска истакна дека за многу краток период Министерството успеало да воспостави ред, институционална структура и јасна енергетска стратегија, нешто што по оценка на експерти и компании со години му недостасуваше на системот. Со ваков пристап, министерката доби позитивни реакции од дел од стручната јавност, кои ја поздравуваат нејзината брзина, посветеност и реални резултати. „ Македонија конечно има јасна насока и проекти што ја прават видлива и препознатлива во регионот“, нагласи Божиновска.
Меѓу најзначајните потези што ѝ донесоа пофалби се реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, воспоставената рамка за интерконектор со Србија и завршеното електроенергетско поврзување со Албанија. Овие инфраструктурни чекори се сметаат за клучни во подобрувањето на енергетската сигурност и пристапот до европските пазари. Дополнително, усвоени се нови закони за енергетика, обновливи извори, геологија, рударство и енергетска ефикасност — потег кој беше оценет како „редок пример на брза, но квалитетна законска продуктивност“.

Министерката доби позитивни оценки и за забрзувањето на процедурите за ветерни и соларни капацитети, за планот за енергетско-ефикасно реновирање на јавните згради и за подготовката на мастер-план за мрежните инвестиции. Според неколку учесници на форумот, ваквиот динамичен пристап е „свеж и неопходен за сектор кој со години тапкаше во место“.
Во своето обраќање, Божиновска повтори дека регионалната енергетска интеграција е единствениот пат до стабилност. Таа ја истакна промената во позицијата на државата — од претходно пасивна и отсутна, Македонија денес станува активен играч кој гради партнерства со Грција, Србија и Албанија. Овој пресврт исто така беше оценет како силен позитивен сигнал дека земјата конечно влегува во современи енергетски текови.
Кога станува збор за зелената транзиција, министерката доби пофалби за умерениот, пресметан пристап. Иако државата веќе произведува над 40 проценти електрична енергија од обновливи извори, Божиновска оцени дека стабилноста мора да остане приоритет. „Енергетиката не смее да биде поле за импровизации. Транзицијата мора да биде внимателна, со алтернативи и со стабилна основа“, порача таа, став кој беше една од најафирмативните точки од нејзиниот настап.
Во целина, настапот на Божиновска беше оценет како силно лидерско појавување, дополнително зајакнато од конкретни резултати, нови проекти и јасна визија. Со ваков пристап, Македонија полека, но сигурно се движи кон позиција на регионален енергетски фактор, а министерката ја добива поддршката не само од институциите, туку и од дел од стручната јавност која го препознава новиот моментум во секторот.
![]()

