Струмичките пожарникари разочарани по одлуката да им се намали платата: „Си поиграа со нашето достоинство“

Струмичките пожарникари се разочарани, бидејќи наместо плата од 80.000 денари, добиле драстично помали примања и преполовена плата.

,,Не сакаме да обвиниме никого , но реално или нереално некој повторно на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство и секако со нашите чувства. Но и покрај се, им порачуваме дека посветено и одговорно продолжуваме понатаму”, велат струмичките пожарникари.

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој и им ги вети зголемените плати остро реагира на одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите, оценувајќи ја како неправедна и штетна за оние кои секојдневно ризикуваат за да спасат животи.

Loading