Пожарот во „Пулс“: Судот денеска ја слуша одбраната, обвинителот бара одговорност по име и презиме
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.
Денешното рочиште ќе биде фокусирано на воведните зборови на одбраната и произнесување на вина, по драматичниот воведен говор на обвинителството на претходното рочиште.
Обвинителството бара одговорност – Обвинителот Борче Јанев јасно рече дека се бара одговорност по име и презиме за сите кои имале улога во трагедијата:„Не е важно само кој го запалил огнот. Важно е кој имал кофа вода и не ја истурил.“
Тој додаде дека трагедијата не е само резултат на пиротехниката, туку и на години институционален молк, пропусти и недостаток од контрола, кои го претвориле клубот во „смртоносна стапица“.
Што следува денеска? Одбраната ќе ги презентира своите аргументи, а судот ќе продолжи со испитување на сведоци и презентирање на докази. Читателите го следат процесот со надеж дека ќе се изврши правда за жртвите и семејствата погодени од катастрофата.
![]()

