ТЕШКА ВЕСТ за пензинерите – КАЦАРСКА УСПЕА!

Мицкоски: Уставниот суд ја укинува линеарната корекција на пензиите, 70% од пензионерите ќе добијат помал износ

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на информациите дека Уставниот суд донел одлука за укинување на моделот на линеарно зголемување на пензиите. Според него, постапката била покрената по иницијатива на судијката Добрила Кацарска, за која посочи дека „долги години била симбол на неправда во правосудството“.

„Точно е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка, заедно со уште една обвинителка поврзана со случајот ’Луј Витон’, се оние на кои денес им пречи линеарното зголемување на пензиите“, изјави Мицкоски.

Премиерот тврдеше дека, според негови информации, одлуката за укинување на линеарниот модел веќе е потпишана, што значи дека пензиите повторно ќе се усогласуваат согласно законските проценти.

„Тоа практично значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец“, рече тој, додавајќи дека ваквиот чекор не е фер и најсилно ќе ги погоди примателите на најниските пензии.

Мицкоски нагласи дека линеарното покачување имало за цел да го намали индексот на нееднаквост и да им помогне на најранливите категории пензионери, чии примања, како што истакна, се последица од „неправедната транзиција од деведесеттите години“.

Премиерот предупреди и дека истиот состав на Уставниот суд може да донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.

„Замислете – на пензионерите им се укинува правото, а истовремено се очекува одмрзнување на платите на судиите и обвинителите кои земаат 2.500, 3.000 или 4.000 евра“, рече Мицкоски, додавајќи дека дел од нив „ја контаминираат професијата“.

Според него, потенцијалната одлука ќе значи „директна неправда кон пензионерите“.

Loading