Промена на уставот за старт на преговорите со ЕУ – нема дополнителни услови за Македонија. Ваква порака од Стразбур испрати Марта Кос, еврокомесарката за проширување, во интервју за бугарски медиум.
Изјави дека за земјата има две важни точки во процесот на преговори со ЕУ – реформи и промена на уставот. Порача дека гледа политичка волја кај македонската влада- навреме да ги испорача реформите и изјави дека имала средба со Мицкоски во Тирана.
Марта Кос еврокомесарка за проширување – Постојат две важни точки кога зборувам за процесот на пристапување на Северна Македонија. Едната е дека страната веќе спроведува некои реформи кои се неопходни за старт на процесот на пристапување, но официјалниот процес се уште не е започнат, затоа што треба да го променат уставот. Веднаш, откако ќе го променат уставот, без дополнителни успорувања или дополнителни услови, ќе можеме да организираме Меѓувладина конференција. Навистина ги очекуваме тие важни чекори.
Сто проценти сум сигурна дека се работ на уставните измени, изјави американската амбасадорка Агелер во интервју за една телевизија. На прашање- дали тоа значи дека не согласува со оние што велат дека Владата не презема ништо за промена на уставот, Агелер кратко одговри – Да не верувам .
Анџела Агелер амбасадорка на САД – Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени. Секогаш сум зборувала дека навистина верувам оти оваа држава мора да биде во Европската унија, и за да се случи тоа мора да се испочитуваат процеси. Јас не учествувам во преговорите, но можам да ви кажам дека се водат разговори што го поплочуваат патот. Ме охрабри тоа што гледам дека активно разговараат за отпочнување на процесот. Не е потребен само еден глас за Уставот.
Македонската влада бара помош за ре-преговарање на францускиот предлог од Вашингтон, порача бугарскиот европратеник Ковачев.
Андреј Ковачев европратеник Бугарија – Сега има нова влада во Скопје и тие велат – нас не ни се допаѓа тоа што претходната влада го прифати. Државата е една. Да, тие можат како партија да не ја сакаат(преговарачката рамка), но не е државнички да ја блокираш и да велиш дека ќе побараат нова, преку најразлични средби кои ги прават во цел свет, не само во ЕУ. Се обидуваат да постигнат предоговарање на преговарачката рамка и во Вашингтон.
А известувачот за земјава во Европарламентот, Томас Вајц – на вчерашниот мешовите паралментарен комитет меѓу Македонија и ЕУ , порача дека Европската Унија заедно со Скопје и Софија треба да најде сили за решение на спорот.
Шефот на дипломатијата Муцунски, пак, во својот говор пред европратениците изјави дека Бугарија продолжува да ја блокира Македонија, на што му реплицираше бугарскиот европратеник Вигенин, дека тоа е неточен коментар и дека дебатата наликува на танц околу слонот во собата за кој сите знаат дека е промена на уставот.
![]()

